Откако вчера тој порача дека за заговорниците на излегувањето на Британија од ЕУ „постои специјално место во пеколот“.

Се прашувам како изгледа тоа место во пеколот во кое ќе отидат оние кои го промовираа Брегзитот без каква било идеја како безбедно да го спроведат“, кажа Туск во Брисел.

Дел од конзервативците во долниот дом, побараа Туск да се извини за, како што го нарекоа „поприлично неприфатливиот и срамен“ коментар. Најжестока реплика имаше Најџел Фараџ, поранешниот лидер на независната партија и заговорник на Брегзитот.

„По Брегзитот ќе се ослободиме од неизбраните, арогантни силеџии како тебе и сами ќе ја водиме својата држава“, напиша на социјалните мрежи Фараџ..