Британскиот парламент ја поддржа Меј околу Брегзитот
Британскиот парламент ја поддржа новата стратегија на премиерката Тереза Меј според која парламентот ќе може да гласа за тоа дали да го одложи Брегзитот со цел Британија да не излезе од Европската унија на крајот од идниот месец без спогодба за заминување. Долниот дом на Парламентот со големо мнозинство гласаше за амандманот со кој се поддржува ветувањето на Меј дека пратениците ќе можат да решаваат во процесот за излегување ако таа до 12 март не успее да добие поддршка од тоа тело за спогодбата со Унијата.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: