Британија известува за 30 ретки случаи на тромб поврзани со Астра Зенека
Регулаторното тело за лекови на Велика Британија соопшти дека идентификувало 30 случаи на ретки настанувања на тромб поврзани со вакцината на Астра Зенека, но истакна дека придобивките „и понатаму ги надминуваат сите ризици“.
Агенцијата за регулирање на лекови и здравство соопшти дека ризикот поврзан со овој вид на тромб е „многу мал“ и дека јавноста треба да продолжи да ја зема вакцината.
Агенцијата соопшти дека случаите се однесуваат на периодот до 24 март, за време на кој биле администрирани 18,1 милиони дози на вакцина, додавајќи дека не добиле такви извештаи за настанување на згрутчување по употребата на вакцината произведена од Бионтек и Фајзер.Загриженоста за вакцината на АстраЗенека предизвика некои земји, вклучувајќи ги Канада, Франција и Германија да ја ограничат нејзината употреба за постари луѓе. Светската здравствена организација (СЗО) ги повика земјите да продолжат да ја користат вакцината.