Брзото возење однесе во смрт 21-годишно момче и 48-годишен маж
Возење со голема брзина најверојатно е причината за тешката сообраќајна несреќа што вчера зеде два животи. Според МВР, се работи за дваесет и едногодишно момче и маж на возраст од 48 години. Несреќата се случи на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, на патот кон населба Драчево.
Кобната сообраќајка настанала, најверојатно, откако едниот автомобил со голема брзина претекнувал друг автомобил и директно удрил во него.
Според официјалните податоци од МВР, несреќата се случила околу 22 часот откако се судриле две возила, голф и пежо. На самото место загинаа Ш.С. (21) од село Батинци и З.Г. (48) од Драчево.
На местото на несреќата вчера се вршеше увид, по што ќе се знае точната причина за ваквата страотна несреќа. Телата на починатите се предадени на обдукција.