ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Брзите кредити кои ве потонуваат во долгови – се рекламираат дека се со нула камата, но тоа важи само 1 недела

Секојдневно низ градовите како печурки никнуваат канцеларии каде што можете да земете брзи кредити само со документ за идентификација.

Илјадници граѓани поради лесната процедура за добивање пари, заглавија во долгови поради овие кредити.Како се случува ова?

ТВ21 сними три различни филијали за да види какви се условите.Иако велат дека се со 0% камата, ако доцните со плаќање 7 дена, треба да платите енормни суми дури ќе завршите и кај извршител.

Еве уште еден друг случај. Иако се вели без камата, снимката јасно покажува дека каматите се многу високи кај брзите кредити.А доколку кредитот не се враќа долго време, корисникот на брзиот кредит се соочува со извршители, иако кредитот го добил само со лична карта и без документ дека е вработен и има месечна плата. Ова ни беше кажано во третата филијала што ја посетивме.

Граѓаните кои земаат брзи кредити и потоа не знаат што да прават, а предметот стигнал до извршител, тропаат на вратата на Народниот правобранител.

„Повеќето од нив бараат помош поради тоа што земале кредити на повеќе места значи 1,2,3,4, и имаат кредити и во банките кои постојат во РСМ. Ние се обидуваме да им ги олесниме нивните проблеми и на некој начин извршителите тоа да го реализираат дел по дел, не наеднаш поради тоа што се создава семејна криза“, вели Илбер Руфати.

Исто така, треба да се истакне дека МВР често информира за поплаки дека некој добил или се обидел да добие брз кредит со туѓа лична карта, што претставува кривично дело.

Во меѓувреме, експертите од областа на финансиите и економијата често апелираат до граѓаните да бидат внимателни со брзите кредити бидејќи имаат повеќе трошоци и многу брзо можат да дојдат во ситуација од која тешко се излегува.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.