ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Босна со закон го регулира негирањето на геноцидот, Република Српска на нозе!

“Република Српска да се обедини и да се брани, или како нација ќе преживееме, или ќе ја изгубиме шансата да постоиме на овие простори” .

Со овие зборови Милорад Додик ги повика србите во Босна и Херцеговина да се спротистават на најавените затворски казни за негирање дека се случил геноцидот во Сребреница. Вели дека е подготвен да прогласат независност на Република Српска доколку меѓународната заедница продолжи да притиска за казните, а денеска тој иницираше и петиција на која прв стави потпис за неговата позиција – дека пред 26 години, србите не извршиле геноцид.

-Република Српска ова го отфрла, не се случи геноцид во Сребреница, тоа го кажува меѓународна комисија која штотуку издаде извештај. Србите ова никако не смеат да го прифатат, ни по цена на било какви егзекуции кои се обидуваат да ги насочат, мислам дека ова е закована шајка во мртовечкиот ковчег на Босна и Херцеговина. Клучна е волјата на народот, ако ние прифатиме на овој начин да се замолчува Република Српска, српскиот народ во целина, па и Србија, тогаш прифаќаме да немаме историја, да немаме иднина. Ова за мене е неприфатливо и ова бара жесток одговор. Јас сум подготвен да прогласиме независност уште следната недела, па нека биде што ќе биде. – Милорад Додик – СНСД, Претседателство на БиХ

Реакциите на Додик и Сојузот на независни социјалдемократи, доаѓаат по одлуката на високиот претставник во Босна и Херцеговина, Валентин Инцко, да се воведе казна затвор до пет години за негирање на геноцид и величење на злосторници вклучително и именување на улиците или јавните институции по нив..

Австриецот Инцко, веќе 12 години е на чело на врвното меѓународно тело кое Има овластување да наметнува одлуки или да разрешува службени лица кои ја поткопуваат повоената етничка рамнотежа и напорите за помирување меѓу Бошњаците, кои се претежно муслимани, босански Срби и Хрвати.

Тој ќе ја напушта функцијата на 1 август, а негов нследник ќе биде Кристијан Шмит од Германија.

„Совеста ми наложува да немам право да го завршам мандатот додека се прославуваат осудените воени злосторници“, порачал Инцко.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.