ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Борел загрижен поради белгиската истрага за корупција во Европскиот парламент

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изрази сериозна загриженост поради истрагата во Белгија за наводна корупција во Европскиот парламент. Белгиското обвинителство соопшти дека поднело обвинение за четири лица осомничени за корупција и перење пари, како дел од истрагата отворена кон средината на јули оваа година за наводна криминална организација која се инфилтрирала во срцето на Европскиот парламент и е осомничена за мешање во политиката на синдикатот и корупција преку Катар.

При претресите биле запленети 600.000 евра во готовина, како и компјутерска опрема и телефони. Белгиското обвинителство не ги именуваше обвинетите, но според европските медиуми меѓу нив има еден сегашен пратеник во ЕП, и еден поранешен.

„Процесот се одвива. Секако, вестите се многу загрижувачки, многу, многу загрижувачки. Се соочуваме со некои настани, со некои факти кои секако дека ме загрижуваат како поранешен претседател на Европскиот парламент. Нема ништо, од никој не е побарано ништо, ниту од страна на надворешниот сервис, ниту од делегациите, ние не сме погодени од тоа. Има полициски и обвинителски постапки. Мораме да ги следиме. Секако, многу сме загрижени поради овие вести. Но јас морам соодветно да се однесувам, не само поради фактите туку и доказите. Не можам да ги коментирам обвинителските изјави. Разбирате? – Сигурен сум дека разбирате оти ова се многу, многу сериозни обвинувања“, изјави Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.