ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Боки 13 колабираше уште пред да даде исказ, обвинителството му подготвува обвинение

Првоосомничениот во случајот Рекет Бојан Јовановски наместо да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска, заврши во болница.

На пладне од Шутка беше донесен во обвинителството за организиран криминал за да ја даде својата одбрана. Не ни започнал да зборува предд овинителката а неговата здравствена состојба се влошила.

Интервенираше и брзата помош, па после половина час на носилка Боки 13 беше изнесен од зградата на обвинителството. Според неговиот адвокат сликата била застрашувачка.

Ова требаше да биде прв исказ кој Јовановски ќе го даде воопшто пред обвинителството, откако на 15-ти Јули беше уапсен како осомничен за рекет. И на јавната седница за притворот се жалеше на условите во затворот и проблемите со желудникот поради две неуспешни естетски операции.

Сега неговиот адвокат целокупната здравствена документација ја однел кај судија на претходна постапка и ќе бара негово хоспитализирање.

Од обвинителството не размислуваат за поблага мерка но велат дека следува обвинение и без неговиот исказ.

Инаку при изнесувањето на Боки 13 од обвинителството еден од затворските полицајци се однесуваше недолично.

По објавувањето во јавност на ова видео, управата на истражниот затвор одлучила да го суспендира, е во меѓувреме е покрената и дисциплинска постапка.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.