Боки 13: Заев ми кажа дека мене и Јанева не следат странски служби
Обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, при денешното изнесување на одбраната, изјави дека „поранешниот премиер Зоран Заев го известил еден месец пред случајот да биде пријавен во Обвинителството“. Заев, како што сведочеше Јовановски пред Судот, „по емитувањето на емисија на 1ТВ, во неговата канцеларија во телевизијата, го известил дека странски служби ги следеле Боки и Катица Јанева и дека ситуацијата е многу сериозна“.
„Странски обвинител има отворена постапка против вас, ми рече Заев. Јас прв пријавив кај тогашниот министер за Оливер Спасовски дека сум сниман незаконски од Јордан Камчев, пред да биде пријавено во Обвинителството. Јас присуствував на разговори во кои Камчев сакаше да ја земе болницата ‘8-ми Септември’ во јавно приватно партнерство. Извесен Радивоје од Бугарија го учи и му помага на Камчев да ме снима и монтираниот случај да го пријават кај Заев“, рече Јовановски пред Судот.
Боки-13 тврди дека „Катица Јанева е жртва на уцена и дека и било кажано оти ако не поднесе оставка дека ќе се случи ова што сега се случува“.
Денеска Јовановски и неговиот адвокат ја изнесуваат нивната одбрана во случајот „Рекет“, во првиот дел од рочиштето Јивановски пред Судот изјави дека со обвинетата катица јанева не разговарале за случајот „Империја“ туку за љубовни проблеми, за неговата сексуална определба и за мода и дека тој со такви разговори не може да ѝ влијаел што да прави. Јовановски рече и дека Милески Кичеец „го одбработил за да го спаси Камчев од обвинение и дека ниту видел пари во торбата Луј Витон ниту ја зел, тукуд ека Кичеец таа торба му ја вратил на Камчев“.