ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Боки 13 го молел Заев да го прими, експремиерот му возвратил: „Ги видов доказите, ова е чист рекет“

И комуникација помеѓу поранешниот премиер Зоран Заев и обвинетиот Бојан Јовановски се најде на листата на докази за случајот „Рекет“.

Во денешното презентирање на доказите обвинителката Ивана Трајчева презентирајќи ја комуникацијата, направена преку мрежата Вотсап, покажа пораки што Јовановски ги испраќал до својата мајка, во кои ја известува за својата комуникација со Заев.

На 16.4.2019 Јовановски на својата мајка Јасминка ѝ испраќал скриншотови од комуникација со Заев направена кон крајот на февруари. Во пораките тој му пишува на Заев дека никогаш не го злоупотребил неговото име, го моли да размисли, му вели дека му е другар и пријател и бара од него да го прими на средба.

„Никогаш не сум го злоупотребил вашето име, да размислиш и да ми кажеш, другар сум ти и пријател, и те молам да се видиме“, напишал Боки.

Во една од пораките презентирани преку скриншотови што Јовановски ѝ ги испратил на мајка си се гледа дека лице меморирано како „Зоран Заев“ му испраќа порака со содржина: „Боки, ги видов доказите, згрозен сум, јас сум претседател на влада и должен сум да го заштитам правото и правната држава.“

По ова според доказите што беа презентирани денес, Јовановски повторно го моли Заев да го прими на средба, му укажува повторно дека не го злоупотребил ниту него ниту неговото име, му вели дека за сè што знаел прво го известувал него, дека не се служел со никакви дворски игри и дека бара да се сретнат.

Во нова порака лицето запишано како Заев му вели на Јовановски дека е огорчен од тоа што се случува, дека е пред сериозни одлуки, дека ги видел доказите и дека „тоа е чист рекет“.

Според досега презентираната документација, не се знае дали по овие пораки Заев се сретнал со Јовановски во врска со неговите барања во случајот „Рекет“ за кој беше отворена истрага во почетокот на мај минатата година.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.