ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Богоевски: ДУИ да престане да лаже, вината за заштита на Вељаноски е кај нив

Пратеникот Павле Богоевски кој е претседател на Комисијата за мандатно имунитетни прашања, на прес конференција кажа дека се сомнева дека се работи за смислено сценарио од ДУИ за да го заштитат Трајко Вељаноски.

Тие, како што рече Богоевски, најпрво се обиделе да ја саботираат работата на Комисијата, а потоа и на собраниската седница.

Тој објасни дека на седницата на Комисијата три пати и ѕвонел на пратеничката од ДУИ Мирсада Емини Асани која е заменик член од ДУИ, откако на Агим Шакири ми се слошило.

-Два пати не ми крена телефон, третиот пат ми крена најверојатно по грешка, молчеше 12 секунди и ја прекина врската, рече Богоевски.

Тој одговори и на обвинувањата од пратникот од ДУИ Артан Груби, кој претходно на прес конференција обвини дека „немало нипто да се случи на верашната седница“ доколку претседателот на Комисијата „ја ставеше одлуката на гласање во 23 часот, како што бевме претходно договорени, и се договораше со ВМРО ДПМНЕ без да ја информира ДУИ“.

-Да престнете да лажете и да ја манипулирате јавноста. Единствена вина за заштитата на Трајко Вељаноски е кај Талат Џафери и ДУИ, рече Богоевски.

Пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири кого претседателот на Собранието Талат Џафери го посочи дека поради него ја прекинал седницата, рече дека категорично ги отфрла тврдењата на Џафери.

Џафери се изнервирал од однесувањето на пратеникот Зеќири и ја прекинал седницата

-Вооопшто немаше ситуација која наликуваше на потреба да се прекине седницата. Во ниту еден момент немаше навреди кон него. Талат Џафери е искусен и успевал да изменаџира многу подраматични ситуации во Собранието. Прашање е дали Џафери свесно одработи за ВМРО ДПМНЕ, односно, за Трајко Вељаноски да не се соочи со правдата, рече Зекири.

На прашањето што Закири направил во тие момент, тој рече дека му укажал на Џафери дека времето истекува и дека мора ја стави одлуката на гласање пред полноќ.

За Зекири е симптоматично тоа што веднаш по прекинувањето на седницата, пратениците од ВМРО ДПМНЕ се смириле, што наведува на тоа дека се работи за смислено сценарио.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.