БЛОКАДАТА ШТО ЗАТНА ПРОТОК ОД 9,6 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА ДЕН
Бродот што пред два дена се заглави во Суецкиот канал уште е таму и нема намера да мрдне. Моментално градацијата на проблемот е: веќе над 150 бродови се заглавени и не можат да продолжат со патувањето, и се очекува дека така ќе биде барем до следната недела.
Грубата процена базирана на бројките на Лојдс е дека низ каналот дневно минува сообраќај кон Запад во вредност од 5,1 милијарда долари, и сообраќај кон Исток во вредност од 4,5 милијарди долари. Моментално според процени на Лојдс и Блумберг меѓу 165 и 185 бродови чекаат да го минат каналот кон исток или кон запад.
За сега обидите со багери да се ископа заринканиот 400-метарски брод не успеаа, а иста судбина имаа и обидите за здружно поместување на бродот со реморкер бродови.
Меѓу останатиот товар кој дреме пред портите на каналот се и речиси 13 милиони барели сирова нафта распоредени во 10 танкери. Освен овие танкери, има и 35 бродови со контејнери, 40 бродови со непакувани продукти од цемент до житарки и 8 бродови на кои е товарена жива стока.