ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Блинкен ја предложи Хрватска за безвизен режим со САД

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен предложи Хрватска да влезе во програмата за безвизен режим со САД.

Како што објасни во објавата на Твитер, овој чекор, кој значи патување без визи за хрватските граѓани, е направен затоа што е препознаен „огромниот хрватски напредок во исполнувањето на строгите стандарди за земјите учеснички во програмата“.

Блинкен додаде дека се радува на уште посилни односи меѓу САД и Хрватска.

Реагирајќи на објавата на Бликен, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ рече дека хрватските граѓани, кои ќе можат без пречки да патуваат во САД, ќе имаат најголема корист од укинувањето на визите.

„Го потврдуваме партнерството меѓу Хрватска и САД и со нетрпение очекуваме понатамошен развој на економската соработка и деловните врски“, порача Пленковиќ на Твитер.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.