ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Битиќи: Минималната плата се уште не e достоинствена

Минималната плата се уште не е достоинствена. Ќе работиме уште за да ја зголемиме на 18.000 денари, изјави заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, пред почетокот на панел дискусијата „Креативни пристапи и стратегии при креирање на програми за вработување на млади“ што се одржа денеска во Скопје.

– Само пред три години минималната плате беше 8.500 денари во одредени сектори, додека 9.000 во сите сектори. Денеска е 15.140 денари. Тоа е политичка волја – истакна Битиќи.

Запрашан за барањето на Синдикатите за минимална плата од 60 отсто од просечната, односно минималецот да биде 16.900 денари, Битиќи одговори дека власта предендира да биде и повисока од 60 отсто.

-Јас претендира, минималната плата да биде повиска, но кога економијата и сите ние ќе бидеме продуктивни и ефикасни. За да може економијата да креира раст, за тоа да го дозволи. Ние бевме на 40 отсто на минималната плата од просечната, достигнавме на 53,4 отсто. Во овој момент тоа е просекот. Да, стремиме кон 60 отсто, но тоа се прави постепено. И тоа ќе го постигнеме во еден даден момент- истакна Битиќи.

Во Владината програма 2020-2024 пишува дека минималната плата ќе изнесува 18.000 денари, додека просечната 36.000 денари. Според официјалните податоци, во Македонија 10 отсто од вкупниот број на вработени примаат минимална плата.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.