Битиќи: За година и половина ќе ја намалиме администрацијата за 20%
Владината определба за намалување на администрацијата за 20% останува приоритет, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, додавајќи дека ќе се работи и на обезбедување непречно работење на сите владини институции и органи на управа.
– Согласно анализите кои ги спроведуваме, евидентно е дека некаде ќе треба да се зајакнат капацитетите, како што се инспекторатите, Министерството за одбрана, МВР. Секако дека можно е да има отпуштања онаму каде има превработеност, но треба и дополнување на кадар таму кадешто има потреба. Ова ќе е долг процес, но на краток рок, за година до година и половина, ќе се намали администрацијата за 20 проценти, заклучи Битиќи.