ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Битиќи ветува нови 1600 вработувања до крајот на годината

Социјалдемократите се борат за праведност и правичност и затоа се бориме сите плански региони да имаат рамномерен развој, рече Битиќи, рече на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Битола, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и министер за економија. Според него да се сака татковината, да се љуби својот град не се потребни ниту реклами ниту промоции, ни требате виде и вашето задоволство од нашата работа. Цениме дека секој денар е најважен за вас. Во 30 години е направена неправда затоа што не може еден регион да биде развиен петпати повеќе во споредба со другите региони.

Тој потсети на Законот за финасиска поддршка на инвестиции каде постои мерка која вели дека само ако се инвестира надвор од најразвиениот регион, надвор од Скопје ќе биде дополнително мотивирано, но сметаме дека илјадниците креирани места на пример во Битола и другите градови се повредни, за да покажеме како рамномерно треба да се развие државата.

-Поттикнуваме креирање на нови рабнотни места, но платите да бидат минимум 50 отсто над минималната плата. Замислете ВМРО користеа ваши пари за да отворат работни места каде ќе земате плата од 9.000 денари, но сега се сменија условите, а ние бараме да биде минимланата плата повеке од 22.500 денари, можеби не е доволно, но секако е повеќе, рече тој.

Битиќи најави дека до крајот на годината новите инвестиции ќе отворат 1600 работни места .

-Пред 12 години некој одлучил да се изгради аеродром во Скопје, каде ни птиците не можат да летаат а камоли авионите да слетуваат. За жал 49,7 милиони евра наместо во пропадната инвестицијание одлучивме да ги инвестираме во инфраструктура за 94 проекти за кои од први август почнува нивната реализација, така се сака и љуби својата татковина, рече Битиќи.

Битиќи потсети дека ВМРО-ДПМНЕ постојано повторуваа дека со зголемувањето на минималната плата ќе крахира економијата, но според него тоа не се случи еве и под две години и во време на пандемија.

-Рекоа дека ќе ја направата просечната плата од 750 евра но не кажаа дали тоа е бруто или нето,ние за три месеци ќе стигнеме до нето плата од 750 евра, нешто што и го најавивме. Буквално на 1200 денари сме од разликата од 30.000 денари просечна плата, рече Битиќи.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.