ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Биогасна електрана се гради во Лозово

Биогасна електрана за производство на електрична и топлинска енергија од обновливи извори, се гради во малата рурална општина Лозово. Капацитетот на електраната е 2 мега вати, што е доволно да ги задоволи потребите на 2750 домаќинства на годишно ниво.

– Вкупната инвестиција во оваа биогасна електрана „Сарамзалино“ е 6 милиони евра и тоа во првата фаза, каде што обезбедува 15 нови работни места- изјави Зоран Заев, премиер на Влада

Електраната ќе работи со сопствени суровини, но ќе врши и откуп од локалните преработувачи на храна, од земјоделците и фармерите, со што посредно ќе се модернизира земјоделското производство.

– Соработката со локалните фармери ќе биде драгоцена и испраќам порака на предизвик, од самиот почеток на сидбата во координација со инвеститорите да се организира производството, бенефит ќе има за сите- додаде Заев

На површина од 25 ха спроведен е пилот проект за наводнување со подземен систем „капка по капка“, единствен од таков тип на Балканот.

– Во тој систем во наредниот период ќе инвестираме 1,5 до 2 милиони евра, за да добиеме квалитетна и количински доволно жетва, што ќе може да ја користиме во индустриската преработка – изјави Петар Спасевски, инвеститор 

Топлинската енергија ќе биде искористена за оранжериско производство и изградба на хотели и спа центри.

– Се надевам дека по завршување на овој проект, инвеститорите ќе започнат со изградба на овие центри-изјави Ацо Велковски, градоначалник на општина Лозово 

Градбата на електраната започна лани во месец јуни, а во употреба ќе биде пуштена во април, следната година.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.