Бил Гејтс има една добра и една лоша вест за коронавирусот (ВИДЕО)

Бил Гејтс, коосновачот на Мајкрософт, во интервјуто кое неодамна го даде за американски Си-ен-ен, изнесе „лоши вести“ за оние кои оптимистично се надеваат дека пристигнувањето на вакцината ќе стави крај на пандемијата на коронавирусот.
„За жал, следните четири до шест месеци ќе бидат најлошиот период на пандемијата“, кажа Гејтс и додаде дека предвидува дека само во Америка битката со вирусот ќе ја изгубат уште најмалку 200.000 луѓе. Сепак, тој истакна дека голем број смртни случаи можат да се избегнат ако носиме маски.
Гејтс во интервјуто кажа и дека вирусот може да се покаже и пофатален од сега, но го изненадило погубното влијание кое пандемијата го има не само врз американската туку и врз светската економија – многу поголемо отколку што самиот Гејтс прогнозираше пред пет години.
Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс вети дополнителни 250 милиони долари за развој на вакцина против коронавирусот која би била поевтина и подостапна за сите. Фондацијата на Гејтс веќе донираше 70 милиони долари помош во ноември, а со новата донација за борбата против пандемијата вкупно имаат донирано 1,75 милијарди долари.
Сепак, Гејтс пандемијата ја обележа и како главна мета на различни теории на заговори, од кои секако најпопуларна беше онаа дека тој сака да нè чипува со вакцините.
Како еден од најбогатите луѓе во светот Гејтс долго време е мета на напади на интернет, но во последните месеци нападите против него се интензивираа на социјалните мрежи од различни страни, од антиваксерските групи до поддржувачите на неверојатната теорија на заговор која го поврзува новиот коронавирус со 5Г технологијата.
Гејтс на социјалните мрежи е лажно прикажан како творец на ковид-19, профитер од вакцината за вирусот и дел од злобниот план болеста да се искористи за надгледување на светската популација.
„Да, во ситуација кога имаме социјални мрежи на кои се споделуваат вакви „возбудливи“ нешта, и пандемија во која сè е неизвесно, на луѓето им е полесно да имаат едноставно објаснување, и луѓето како мене стануваат мети, со милион пораки кои стигнуваат секој ден. Често прават едно паметно нешто: нашата фондација даде повеќе пари за развој на пет вакцини кои ќе спасат животи повеќе од која било друга организација. Но тие тоа го вртат во тврдења дека ние од тоа заработуваме, и се обидуваме да ги негираме луѓето со тоа што измислуваме нови нешта. Барем делот кој нè поврзува со вакцините е точен, но се извртува таа поврзаност“, кажа Гејтс летоска.