ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Бизнисот предупредува, замрзнувањето на цените ќе ја продлабочи работата на црно!

Замрзнувањето на цените нема да ги реши проблемите, децидни се бизнисмените. Инфлацијата е поттикната од неколку фактори, освен поскапи енергенси на пазарот недостасуваат и суровини за производство и сето тоа влијае за поскапување на крајните продукти. Доколку владата реши да замрзне добар дел од производите, стопанствениците стравуваат од зголемување на работата на црно и обид за нов бран на сива економија. Додека власта реши како ќе постапува во борбата против инфлацијата, живеачката станува се потешка. За околу 1000 денари поскапе минималната потрошувачка кошничка за една година.

Овој глобален порастот на цените на храната, според Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации е резултат на глобалните цени на храната кои веќе го достигнале највисокото ниво од септември 2011 година, поттикнати од силната побарувачка за пченица и растителни масла, но и на цените на транспортот. Денар побара ставови од најголемите бизнис здуженија, како тие реагираат на најавата на власта за замрзнување на дел на цените на производите. Од Сојузот на Стопански комори велат дека цените на суровините, репроматеријалите и готовите производи бележат постојан тренд на раст поради кризата. Недостатокот на одредени производи на светскиот пазар негативно влијае и доведува до зголемување на нивната цена. Габриела Кулебанова која е потпретседател на Комората за Денар вели дека, комплексноста на овој проблем кој е реалност ќе ги погоди бизнисите, но и крајните потрошувачи. За да се ублажи тоа негативно влијание мора сите чинители да дадат свој активен придонес.

Треба да се потенцира и дека во овој момент одредени компании се воздржуваат да ги зголемат цените за реалниот процент и тоа го прават постепено за да не се одрази значително на продажбата. Сите овие негативни трендови не треба да ги игнорираме туку треба да се направи одредена стратегија. Земјите кои размислуваат проактивно во соработка со производители поттикнуваат отворање на фабрики на сопствена територија, со цел  да се намалат трошоците за транспорт кои многукратно ја зголемуваат цената на крајниот производ. Ние како земја која има одлични предиспозиции за производство на прехранбени производи треба да стимулираме инвестиции во овој сектор. Со замрзнување на цените може да се опфатат неколку основни производи, тоа може да има некој краткорочен ефект, но нема да може значително да ја ублажи инфлацијата и растот на цените на долг рок”, вели Габриела Кулебанова од ССК.

Од Стопанската комора иако најавија раст на цената на дел од прехранбените производи и до 50 насто, сега велат дека по сосотанокот со Владата ќе се најдат мерки да нема толкаво зголемување на цените. Антони Пешев од ова бизнис здружение вели дека алармот за новонастанатата ситуација со цените е вклучен, но сега треба да се направи стратегија за да не биде предоцна. Пешев се надева дека Владата нема да се реши да ги замрзнува цените на прехранбените производи, бидејќи според него тоа би водело на раст на сивата економија.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.