ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Бизнисот контра замрзнатите цени, Бектеши бара од граѓаните да пријавуваат неправилности

Државата да интервенира со стоковите резерви за да спречи празни полици во маркетите. Одлуката  да се замрзанат цените на основните прехранбени производи, без да се обезбедат услови за тоа, како што е стабилизирање на цените на суровините и репроматеријалите, и гарантирана цена на струјата и гасот, за Агро бизнис комората е неприфатлива . Сметаат дека ваквата мерка само ќе ја продлабочи кризата, дел од компаниите ќе престанат со производство, ќе се отпуштаат работници, а граѓаните нема да можат да ги купат основните намирници, затоа што ќе ги нема на рафтовите. 

Во услови на многукратно зголемени трошоци на инпутите во производните процеси, а при забрана за зголемување на цените на крајните производи единствено можно решение е прекин на производството и отпуштање на вработените. Исто така можно е и стимулирање на сивата економија, бидејќи во неможност производите да се набават по регуларен пат граѓаните ќе бидат принудени да ги набавуваат на друг начин што ќе донесе и до формирање на цени кои се многу повисоки од реалните но ќе предизвика и несигурност во квалитетот на производите“, изјави Горан Георгиевски, потпретседател на Агро бизнис Комората.

Наместо замрзнување на цените, Георгиовски предлага замрзнување на маржите кај трговците. Стравуваат и дека соседна Србија може да го забрани извозот на брашно и млеко, со што состојбата дополнително ќе се влоши. Меркатата која Владата ја донесе без консултација со бизнисот е непазарна, смета и Стопанската  Комора. Но од таму со смирувачки тонови – фирмите да бидат мирни, ќе се најде решение

Од денеска трговците треба да ги намалат цените на основните производи на ниво кое важеа на 1 декември. Инспекторите од пазарна од утринава се на терен и проверуваат дали се почитува одлуката. Во меѓувреме, министерот за економија ги повика и граѓаните – ако приметат дека цените не да се намалени или се драстично покачени да пријават на бесплатниот телефонски број 191.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.