ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Бизнисот бара целосно да се стопира законот за солидарност

Бизнисот бара целосно да се запре процедурата за донесување на Законот за данок на солидарност, откако Владата вчера го повлече овој закон на доработка. Со тоа е исполнето само едно од двете наши барања, велат од Стопанската комора.

Првиот човек на комората Бранко Азески смета дека невозможно е да се гради предвидлива бизнис клима ако со години не се носат клучни, издржани закони кои би го подобриле работењето на компаниите, а се туркаат ад-хок решенија, по скратена постапка, како овој закон.

Уште на почетокот на годинава Владата најави донсеување на Закон за данок на солидарност, кој ќе се плаќа како еднократна јавна давачка за 2023 година и ќе го плаќаат сите фирми што лани оствариле приход од над 10 милиони евра.

Со предлогот беше предвидено овие компании на разликата во добивката во однос на претходните три години, да платат данок по стапка од 30 отсто. За оние, пак, кои нема точно да ги пријават заработките или нема да го платат данокот, беа предвидени и казни. Јавноста коментираше дека со оваа давачка, Владата сака да ги оданочи фирмите кои направија екстра профити за време на енергетската криза.

Со таквото законско решение на компаниите им се навлегува во работењето во оваа, но им се нарушува билансот и од минатата година, вели извршниот директор на комората Антони Пешев.

Бизнисмените велат дека зад оваа иницијатива стојат најголемите компании во земјава, кои се спротивставуваат на паушалната употреба на европското знаменце во донесувањето на законите. Владата пак пресмета дека од овој данок ќе собере 90 милиони евра од околу 200 компании кои го исполнуваат предложениот услов.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.