ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Бесими: Буџетот е ликвиден, има стокови резерви

Земјава е подготвена да се справи со евентуалните последици врз економијата од воениот конфликт во Украина вели министерот за финансии Фатмир Бесими. Буџетот е ликвиден, има резервирани средства да се интервенира онаму каде што ќе биде потребно, а може да се креираат и дополнителни мерки за ублажување на енергетската криза вели Бесими.

„Ние ја следиме сериозно ситуацијата, меѓутоа досега во рамките на планираното ние се справуваме и сакам да уверам дека навремено ќе реагираме и за овој најнов предизвик ќе излеземе во пресрет во смисла на заеднички решенија кои ќе бидат одржливи за нашата економија. Буџетот е ликвиден има предвидени резерви“, рече Бесими.

Бесими уверува дека стоковните резерви во земјава се полни и граѓаните не треба да стравуваат. Дел од економистите прогнозираат дека поради санкциите може да страда трговска размена со Русија. На годишно ниво размената помеѓу двете земји е над 200 милиони долари. Најмногу во Русија се извезува овошје, а увезува гас и нафта. Со Украина пак, трговската размена е многу помала или таа учествува со 0,9 проценти во структурата на вкупната размена на земјава со светот.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.