ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Белата куќа нема да ја затвори својата работна група за коронавирусот

Но, ќе има поголем фокус на реотворање на економијата и развивање вакцина

Американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од претходното соопштение дека Белата куќа планира да ја затвори својата работна група за коронавирус за околу еден месец.

Синоќа најави дека работната група ќе продолжи со работа, но со поголем фокус на реотворање на економијата и развивање вакцина.

Бројот на смртни случаи во САД се искачи над 72.000, а претседателот објави дека работната група ќе работи на неопределено.

„Мислав дека порано ќе биде затворена, но немав идеја до синоќа дека работната група е толку популарна“, изјави Трамп.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.