ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Бектеши: Цените на лебот, млекото и месото ќе се намалат во наредните 10 дена

Цената на лебот се намалила тврди министерот за економија Крешник Бектеши но без да прецизира каде и за колку се намалила, дополнително се пофали дека ќе продолжи трендот на намалување особено пред празниците кои претстојат.

Бектеши прашан каде има намалување на лебот, наместо да даде појаснување ги пренасочи новинарите да истражат и обвини за сензационализам. 

Бектеши најави дека во наредните 3 до 4 дена ќе следи намалување на цените на млекото и млечните производи, а до крајот на наредната недела и намалување на цените на месните производи. 

Министерот најави дека утре ќе се донесе дополнителна одлука со која ќе се прошири списокот на дејностите кои ќе бидат поддржани од Владата согласно барањата на Стопанската комора и целиот ланец во делот на месната индустрија ќе биде покриен со субвенционирана електрична енергија. 

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.