Бектеши: Отворањето на угостителсктие објекти зависи од препораките од Комисијата за заразни болести
Министерството за економија како надлежно за секторот угостителство ги почитува сите предлози и препораки од Комисијата за заразни болести. Во зависност од препораката од Комисијата, Владата ќе расправа и ќе донесе соодветна одлука кога ќе почнат со работа угостителските објекти, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
-Комисијата и предлага на Владата кои објекти првично ќе бидат отворени и во кои фази кои објекти и кои сектори првично ќе почнат со работа. Како Министерство ги дадовме своите забелешки и сугестии за пртотоколот што ни беше доставен, но крајниот збор го има Комисијата за заразни болести, рече Бектеши.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: