ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Бектеши: Нема потреба од кризна состојба во енергетиката, цената на струјата останува иста до крајот на годината

Во моментот нема потреба да се прогласи кризна состојба во делот на енергетиката, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, нагласувајќи дека до крајот на годината нема да има зголемување на цената на струјата за домаќинствата.

– Големи ценовни шокови нема да има и за тоа сум убеден. Ќе интервенираме секаде каде треба за да нема такви ценовни шкови. Не верувам дека ќе се доведеме во таква ситуација во јануари, рече Бектеши на денешната прес-конференција по седницата на Комисијата за електроенергетска кризна состојба, додавајќи дека отсега никој не може да гарантира дали ќе има зголемување на цената по Нова година, бидејќи се работи за светска криза која се рефлектира и врз нашата електроенергетска мрежа.

Бектешти посочи дека веќе работи вториот блок на РЕК „Битола“, кој се надева дека до крајот на денот ќе работи со полн капацитет, а веќе е испратено и писмо до стопанските комори за набавка на мазут во случај да треба да се вклучи ТЕЦ „Неготино“. Министерот се надева дека ќе биде успешен и тендерот за набавка на јаглен за потребите на третиот блок на РЕК „Битола“, кој, според неговите проценки, би почнал со работа за три до четири недели. Доколку тендерот за третиот блок на РЕК „Битола“ не биде успешен, тогаш Бектеши најави уште еден состанок на Комисијата и додаде дека и АД ЕСМ има право да купи струја од странство.

Кризна состојба во делот на енергиката прогласува Владата на предлог на Комисијата за електроенергетска кризна состојба, со која раководи министерот за економија. Во случај доколку би се прогласила кризна состојба има сет на мерки од кои некои се т.н. меки мерки, а дел се мерки кои би ги донела Владата, како што е на пример мерката кога и колку да се користи уличното осветлување.

Комисијата за електроенергетска кризна состојба е составена од пет члена експерти, претставник од најголемиот производител на електрична енергија – АД ЕСМ, носителите на лиценца за производство на електрична енергија, за пренос – МЕПСО, за дистрибуција – ЕВН, Регулаторната комисија за енергетика и Министерството за економија.

– Нејзината цел е постојано следење, анализирање и проценување на енергетската состојба во земјава. Денеска се одржа првиот нејзин состанок, а како што рече Бектеши, се надева дека нема да има потреба за повторно нејзино свикување.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon

Можеби сте пропуштиле

Британската и македонската Влада денеска во Лондон го потпишаа договорот за соработка. На договорот се потпишаа британскиот министер за извоз Гарет Томас и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, свеченото потпишување се одржа во историската зграда на Стариот Адмиралитет во Лондон. Со потпишувањето на овој документ, на Македонија ѝ се ставаат на располагање 5 милијарди фунти (6 милијарди евра) за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори. „Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство, го гледаме како нешто што ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво. Денес потпишуваме Договор Влада со Влада за развојни-инфраструктурни проекти во клучни сектори, како што се: транспорт, образование, животна средина, информатичка технологија, како и други сектори кои што ќе ги развиваме, тука е здравството, но и образованието и ќе продолжиме да соработуваме во претстојниот период. Навистина сме благодарни што Обединетото Кралство, со својот Инструмент за поддршка на надворешно финансирање, постави рамка од 5 милијарди фунти, што е најголемиот договор што Македонија го потпишала во својата историја во однос на економијата. Навистина сме благодарни за тоа и ова го гледаме како одлична можност за целата држава да се развива. Веќе имаме три проекти кои што се подготвени. Тоа е проектот за брзата железница на Коридорот 10, здравствениот проект за болници и секако проектот за образование, за Медицинскиот факултет, а во претстојниот период ќе бараме нови проекти во секторите за енергетика и животна средина, но и други проекти секако“, изјави Николоски по потпишувањето. Министерот за извоз Томас рече дека ова партнерство „отвора ново поглавје во нашите билатерални односи со Северна Македонија“. „Велика Британија има богато искуство во испораката на висококвалитетна инфраструктура низ целиот свет и среќен сум што го започнувам ова ново партнерство што ќе им помогне на повеќе британски бизниси да извезуваат во Северна Македонија“, рече Томас. Од шесте милијарди евра финансиска рамка со Обединетото Кралство во првиот циклус од пет години ќе се повлечат околу 2,2 милијарди евра, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска во емисијата „360 степени“. „Две милијарди на пет години се по 400 милиони евра. Толку е годишното зголемување на јавниот долг по однос на овие инвестиции кои, од друга страна, ќе придонесат за раст на економијата. Никаде не пишува дека имаме задолжително повлекување на петте милијарди, а британската Влада гарантира дека Македонија кога ќе ги земе кредитите, ќе ги врати“, рече Димитриеска-Кочоска. Министерката рече дека таа не може да даде повеќе детали за парите, висината на каматата и се останато, се додека не добие готов проект на маса. „Ќе мора да седнеме и со министерот за транспорт да се разговара да каже кои се проектите и потоа ние како Министерство за финансии, покрај што ќе добиеме понуда од банката по процедурите од финансии, ќе си побараме понуда и од други меѓународни институции, затоа што тоа го налага законот. Така што, во овој момент не би можела да зборувам повеќе детали затоа што немам зрел проект пуштен во Финансии, врз основа на кој ќе барам понуда од повеќе банки и ќе излезам да кажам колку е точно каматата би било несериозно. Она што го знам и го имам како информација, се разговара за клинички во Штип, болница во Кичево и онаа брза пруга“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.