ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Безбедносните закони пред пратениците, Спасовски ги отфрли речиси сите амандмани на Ременски

Вкупно 91 амандман на предлог законот за Агенцијата за национална безбедност беа на разгледување пред членовите на матичната собраниска Комисија за одбрана и безбедност. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски прифати околу десетина, а главната дебата околу прецизирањето на некои членови се водеше меѓу него и потпретседателката на Собранието од редовите на СДСМ Фросина Ременски, која имаше поднесено голем број амандмани, но тие беа одбиени. Таа бараше особено да се прецизира мерката набљудување за да нема преширока примена на оваа мерка.

„Идејата на овој амандман е да се даде дословна и прецизна одредба по која што и актуелно работи Управата за безбедност и контраразузнавање но истовремено ова е и посебна истражна мерка регулирана во Законот за кривичната постапка Широкото поимање на набљудувањето без притоа да се утврди што подразбира и што опфаќа како домен на постапување може да направи нејаснотии во самиот закон“, изјави Фросина Ременски – потпретседател на Собрание на РСМ.

„Агенцијата за национална безбедност не работи по законот за кривична постапка туку прибираат информации доколку имаме ситуација дека има сомнежи, има индиции дека некоја група организирана поединец и така натаму или има веројатно дека прави некакво кривично дело тогаш се знае која е постапката се вклучува јавната безбедност, судот и така натаму се со цел да може да се документира целиот тој настан да се употребат мерките на следење и затоа мислам дека овој амандман не треба да се прифати“, изјави Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи.

Ременски и Спасовски имаа различни гледања и во одредбите кои ги регулираат мерката за користење лица со прикриен идентитет. Ременски бараше само судот а не и директорот да може да одобри спроведување мерка користење на лица со прикриен идентитет. Оваа мерка треба да се користи само по судска наредба истакна Ременски која појасни дека при оставањето можност директорот на Оперативно техничката агенција да одобри ваква мерка може да има злоупотреба. Но Спасовски го отфрли и овој амандман со образложение дека со ова овластување на директорот се остава поголема ефикасност на Агенцијата за национална безбедност и дека тој нема да може да злоупотребува зашто прибирањето информации со лица со прикриен идентитет е уредено со подзаконски акти.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.