ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Бајрами: Избран сум во транспарентна постапка – не е нарушен законот за антикорупција

Талат Џафери 16 години е во политиката и тоа секогаш на важни функции. Поради судирот на интереси и чистата совест, иако сме баџанаци, ние сме држеле коректни односи и тоа далечни.

По јавното барање за оставка на Нури Бајрами, новоизбраниот член на Антикорупциската комисија, баџанак на спикерот Талат Џафери, од новинарот Бранко Героски .Бајрами му одговори преку писмо:

,,Талат Џафери 16 години е во политиката и тоа секогаш на важни функции. Поради судирот на интереси и чистата совест, иако сме баџанаци, ние сме држеле коректни односи и тоа далечни. Ако не пошироко, во Гостивар сите тоа го знаат. Ниту побарал, ниту јас се обидував да бидам на некоја функција.,,

Се правда Бајрами во писмото каде објаснува дека постапката за неговиот избор е теранспарентна и дека беше јавно емитувана трој исто така напоменува дека не го прекршува законот и тоа во последните десет години не бил пратеник во Собранието на Република Македонија, член на Владата на Република Македонија, не бил донатор на политичка партија или не вршел функција во органи на политичка партија“, што произлегува од членот 11 став 2 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, е исполнет во целост.

Геровски уште еднаш го повика Бајрами да се повлече од функцијата. и според него тоа што е баџанак на Џафери е сериозен фелер во неговата кандидатура .

Според Геровски ако Бајрами си даде оставка ќе ја растерети комисијата од низок страт Инаку од комисијата за селекција на кандидатите тврдеа дека не знаеле за фактот дека Бајрами му е баџанак на Џафери.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.