ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Бајден ја зголеми помошта за малите претпријатија

Американскиот претседател Џозеф Бајден најави промена на програмата за федерална помош со која ќе бифат опфатени најмалите компании, и оние чии сопственици се жени и припадници на малцинствата. 

Бајден рече дека многу мали компании бараат помош и дека биле потиснати од големите компании на почетокот на пандемијата. Со новата програма ќе им се овозможи долготрајна помош на помалите фирми, кои беа најпогодени од еконмскиот пад.

„Американскиот мал бизнис страда и потребна му е помош веднаш“, рече Бајден.

За бесповратна помош во наредните две недели ќе може да се пријаваат само малите фирми кои имаат помалку од дваесет вработени, а тоа е огромно мнозинство.  Аминистрцијата на Бајден издвојува и милијарда долари за самостојните стопанственици, од кои повеќето се жени и припадници на малцинствата.Програмата за помош лани  им овозможи заеми на 5,2 милиони претпријата во вредност од 525 милијарди долари,а годинава се планирани 284 милијарди долари за помош, од кои 133,5 милијарди долари се веќе исплатени.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.