Бајден по средбата со Си: Не сакам конфликт, апсолутно верувам дека не треба да има нова Студена војна (ВИДЕО)

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден се спротивставил на денешната средба со претседателот на Кина Си Џинпинг на „присилните и сè поагресивни акции“ на Пекинг кон Тајван и изразил загриженост за човековите права во смисла на однесувањето на кинеските власти во Синџијанг, Тибет и Хонг Конг, соопшти Белата куќа.
На првата средба во живо со Бајден откако стана претседател на САД, кинескиот претседател кажа дека тајванското прашање е во самата срж на клучните интереси на Кина, темел на политичката основа на односите на Кина и САД и првата „црвена линија“ која не смее да се помине во односите на двете земји, пренесува агенцијата Синхуа.
Бајден му кажал на кинескиот колега дека САД ќе продолжат „енергично да се натпреваруваат“ со Кина, но дека „конкуренцијата не би требало да премине во конфликт“, наведе Белата куќа во соопштението за тричасовната средба на двајцата лидери на индонезискиот остров Бали, каде учествуваат на самитот на Групата 20 најголеми светски економии.
„САД, кога станува збор за Кина, жестоко ќе се натпреваруваат, но јас не сакам конфликт. Апсолутно верувам дека не треба да има нова Студена војна“, наведе Бајден на конференција за новинарите по средбата.
Си кажа дека тој и Бајден, како лидери на две големи земји, можат да го постават вистинскиот курс за билатералните односи.
Тој на состанокот го повикал Бајден да „зацрта вистински курс“ и да „го крене односот“ на САД и Кина, и додаде дека е спремен за „искрена и длабока размена на мислења“ со Бајден.
Бајден пред новинарите ја повтори американската поддршка на политиката „една Кина“, според која Вашингтон ја признава владата во Пекинг како легитимна, додека истовремено одржува неформални односи и одбранбени врски со Тајван.
Додаде дека не верува дека постои „како било непосреден обид на Кина да изврши инвазија на Тајван“, и покрај неодамнешното тропање со оружје.
Според соопштението на Белата куќа, Бајден и Си се сложиле дека „нуклеарна војна никогаш не треба да се води“ и дека во неа не може да има победник, „и го истакнале своето противење или закана со употреба на нуклеарно оружје во Украина“.
„Како лидери на двете нации, ја делиме одговорноста да покажеме дека Кина и САД можат да ги надминат разликите, да спречиме натпреварувањето да дојде до конфликт и да најдеме начини заедно да работиме на итните глобални прашања“, кажа Бајден по средбата.
Лидерот на Кина наведе дека двете страни треба да работат со сите земји за да донесат повеќе надеж во светски мир, поголема доверба во глобална стабилност и посилен поттик на заедничкиот развој.
Средбата на Бајден и Си на Бали, пред самитот на лидерите на Г20, почна со срдечно ракување. Тоа е првата средба на двајцата лидери во живо откако Бајден стана американски претседател во јануари 2021. Двајцата лидери претходно пет пати разговараа преку телефон или видео врска.