Бајден и Макрон во следните денови телефонски ќе разговораат за подморничката криза
Тензиите меѓу Франција и САД поради Австралија, а сега и Швајцарија избраа да набавуваат воени опрема од американските производителите наместо од француските.
Портпаролот на француската влада, Габриел Атал, изјави дека американскиот претседател Џо Бајден побарал да има телефонски разговор со францускиот претседател, Емануел Макрон, откако Франција го отповика својот амбасадор во САД заради „торпедирањето“ од страна на Вашингтон на договорот за изградба на француски подморници за Австралија.
Канбера одлучи да се повлече од договорот вреден 90 милијарди австралиски долари за купување француски подморници во корист на американски бродови на нуклеарен погон. Во екот на дипломатската криза со Австралија, Франција ја откажа официјалната посета на претседателот на швајцарската конфедерација, откриваат швајцарските медиуми. Во прашање е изборот на Швајцарија направен во јуни да купи американски авиони за да ја обнови својата воено воздухопловна флота, наместо францускиот „Рафал“.