ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Бабата и сестрата на генералниот секретар на СДСМ ќе си дале оставка

Мајката на неговата сопруга и сестрата на Александар Кирацовски, висок партиски функционер на СДСМ и пратеник, ќе се дадат оставки откако Антикорупциската комисија на вчерашната седница утврди дека функционерот со својата позиција влијаел кога неговите роднини неодамна добија државни работи. Ова денеска го најави самиот Кирацовски на неговиот фејсбук профил.

„Граѓаните реагираат, а независните институции постапуваат согласно нивните надлежности. Пред нас се одлуки, заклучоци на Државната комисија за спречување на корупцијата. Моето лично мислење за овие одлуки ќе го задржам за себе, тоа сега не е важно“, пиша тој на социјалните мрежи.

Пред објавата на Кирацоски, премиерот Зоран Заев ги повика роднините на функционерите сами да си дадат оставки откако Комисијата утврди дека во 6 од 18 случаи, критериумите во огласите биле местени за да одговараат токму за кандидатот кој што требало да биде вработен. Меѓу нив е партискиот портпарол Костадин Костадинов, како и кадри на ДУИ – меѓу нив високи функционери како министерот за економија Крешник Бекташи, потоа министерот за култура од БЕСА Асаф Адеми.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.