ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

„Асанж може да умре во затвор. Нема време за губење“- отворено писмо на над 60 доктори до британската влада

Џулијан Асанж се наоѓа во вистинска опасност да умре во затвор во Велика Британија, доктори од целиот свет предупредија во отворено писмо. Можно е да не е ни способен да го издржи судењето за екстрадиција, со оглед на годините несоодветната здравствена грижа.

Асанж, основачот на Викиликс, во моментов се наоѓа во притвор во британскиот Белмарш, затвор со високо обезбедување. Во февруари следната година треба да му се суди по барање за екстрадиција од САД, каде може да му се изрече казна затвор до 175 години.

Во отворено писмо упатено до британскиот министер за внатрешни работи Прити Пател, над 60 медицински професионалци од целиот свет изразија загриженост во врска со физичкото и менталното здравје на издавачот, тврдејќи дека тој не само што не може да издржи судење, туку има голем ризик да умре.

„Постои реална загриженост, според доказите што сега се достапни, дека Асанж може да умре во затвор. Со тоа медицинската состојба е итна. Нема време за губење“, се вели во писмото.

Докторите наведуваат неколку извештаи на очевидци за влошеното здравје на Асанж за време на неговиот седумгодишен престој во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Заканата да биде уапсен оневозможувало Асанж да се лекува во соодветна болница во текот на тој временски период, како и самото живеење во затворени услови и изолација довеле до нарушување на неговата здравствена состојба. Докторите кои успеале го прегледаат во амбасадата го сториле тоа во светло на „страв и заплашување“, се вели во писмото, најверојатно предизвикано намерно.

„Ако беше намерно, ние како лекари го осудуваме таквото однесување како невнимателно, опасно и сурово. А, дека сето ова се одигруваше во срцето на Лондон долги години ни носи голема тага и срам на многу од нас“, се вели во писмото.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.