АРОГАНТНО Е ДА СЕ НЕГИРА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Бугарски историчар вели дека Генчовска се однесува невоспитано и навредливо кон соседите
Таа воопшто не сфаќа колку е арогантно и навредливо за говорителите на овој јазик кого тие го нарекуваат „македонски“, зашто како поинаку да го нарекуваат? И тоа остава исклучително лош впечаток во странство и создава погрешна претстава дека и Бугарија нема никакво право (да преговара) за историските прашања, вели Дечев според кого, македонскиот јазик треба да биде признат.
Бугарскиот историчар Стефан Дечев ги запали социјалните мрежи со својот статус во кој на бугарската министерка за надворешни работи, „празноглавата“ Теодора Генчовска ѝ порачува дека треба да го признае македонскиот јазик, бидејќи во спротивно непризнавањето на овој јазик од Бугарија е арогантно и навредливо.
Според него, Бугарија треба да го признае македонскиот јазик, не само од филолошки причини, или затоа што тој е меѓународно признат од филолозите во Амстердам, Копенхаген, Токио, Вашингтон и други центри, туку треба да го признае чисто поради добро воспитување и почит кон соседот кој својот јазик го нарекува македонски.