ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

АПРИЛСКАТА ИНФЛАЦИЈА 0,7, ГОДИШНАТА ЧЕТИРИ ПРОЦЕНТИ

Годишната инфлација измерена во април е четири проценти. Во однос на март, месечната стапка е 0,7 проценти.

Последната информација од Државниот завод за статистика вели: „инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април 2024 година, во однос на март 2024 година, изнесува 0.7 %“. Исто така и – „индексот на трошоците на животот во април 2024 година, во однос на април 2023 година, бележи зголемување од 4.0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.5%“.

Априлската во однос на мартовската инфлација е повисока поради зголемените трошоци на животот во групите транспорт – за 2,8 проценти, комуникации за 1,6, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,6, разновидни стоки и услуги за 0,4 и здравје за 0,2 насто.Во четвртиот месец статистиката регистрирала намалување на трошоците смо кај две групи. Станува збор за мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 и за домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 отсто.

Нема промени кај алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, како и во образование, каде што трошоците се на истото ниво како и во март.

Индексот на цените на мало во април 2024 година, во однос на март 2024 година, изнесува 101.1, посочуваат од Статистика.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.