Апанажата останува, имало и сиромашни пратеници, им давале милостина!
Пратениците и овој пат не се договорија за укинување на правото на апанажа за државните функционери по завршувањето на нивниот мандат.
Предлогот на Левица беше по истекот на мандатот пратениците, министрите и другите државни функционери да не можат да продолжат да земаат плата од државата, туку да бидат третирани како другите граѓани. Но, предлогот доби поддршка од само 16 пратеници, 13 гласаа против, а другите воопшто и не гласаа.
„Верувам дека сите имаме во предвид дека Собранието не е месна заедница која работи на доброволна основа, без надомест и образложението дека има функционери кои се милионери и на крајот на мандатот го користат законското право што им припаѓа по закон, било главниот проблем. Што ќе правиме со оние кои не се милионери г-не Борислав Крмов, како што не сте вие милионер и кога ќе го завршиш четиригодишниот мандат, ќе мора да останеш во милост и немилост, бидејќи 30-годишната практика на функционирање во оваа држава покажува дека сме имале ситуација овде за поранешен пратеник да се постави кутија за собирање средства за парична помош“, вели Талат Џафери, претседател на парламентот.