ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Анѓушев повторно оптимист за капиталните инвестиции

Слабата искористеност на парите за капитални инвестиции кои и беа доделени на Владата или само 3,69 отсто, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев ги правда со ребаланс на буџетот. Тој како и во изминатите години е оптимист дека до крајот на годината ќе има0добра реализација.

Што се однесува до 35 – те милиони евра кои остануваат непотрошени од Владата, Анѓушев уверува дека ќе бидат искористени откако уделот на ГАМА што го поседува „Макпетрол“ ќе премине во државна сопственост односно овие пари ќе и бидат исплатени на приватната фирма.

„После ребалансот внимателно се одмерени капиталните инвестиции, тие ќе бидат реализирани, оние што се во буџетот и ребалансот на буџетот. Тој сега помина и тие ќе почнат со реализиција и ќе бидат реализирани. Што се однесува во Владата таму има оставено средства доколку дојде согласно пропозициите на Законот за енергетика да Владата откупи дел од уделот во ГАМА што моментално го поседува „Макпетрол“ и доколку се дојде до таква спогодба, ќе имаме и денес точка на дневен ред со помош на медијација на енергетската заедница од Виена со „Макпетрол“, изјави Кочо Анѓушев – вцепремиер за економски прашања.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.