ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Анѓушев годинава многу повнимателен околу капиталните инвестиции

Оптимизмот за реализација на капиталните инвестиции што го држеше цела 2018 на крајот го остави незадоволен вицепремиерот Кочо Анѓушев. И покрај катастофалните резултати во текот на целата измината година очекуваше дека реализацијата ќе биде над 80 проценти, бројките на крајот на годината го кажуваат спротивното.

Владата едвај успеала да потроши 197 милиони евра од предвидените 300 милиони евра, кои во ноември беа со ребалансот на буџетот беа скратени за 100 милиони евра. Тоа е реализација од само 65,5 проценти. Вината ја гледа во вработените во институциите кои не подготвиле добри проекти.

„Веќе рековме во неколку наврати и премиерот и јас и економскиот тим дека не сме задоволни од реализацијата од минатата година, тоа пред се е резултат на тоа што проектите не беа добро подготвени, но имаше и други причини во делот на реализација, можби и кадровски“, изјави Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања.

Оптимизмот сега го префрла за оваа година, за што тврди дека многу внимателно ги бирале проектите за кои најважно било да бидат технички подготвени.

„Тоа технички спремени значи да има реален изготвен проект, да има извадено градежна дозвола и тоа беше критериумот кој што оваа година го воведовме за да ги ставиме проектите на листата на капитални инвестиции во Буџетот“, додава Анѓушев.

Изминатата 2018 година има најлоша реалиација на капитални инвестиции во последните 10 години. Првично Владата предвиде 400 тини милиони евра и очекуваше  реализацијата да достиге 80 отсто. Но, потоа со ребалансот оваа сума се скрати на 300 милиони евра.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.