ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Антикорупциска отвори предмет за министерката Ангеловска

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе испитува дали министерката Нина Ангеловска ја имала информацијата дека Народната банка ќе и ја одземе дозволата на Еуростандард банка кога ги повлекла парите од депозитот или во тој момент не била информирана што ќе се случува. Ќе се утврдува дали министерката Ангеловска ја злоупотребила службената положба. Проблем би било, велат од Антикорупциска, и доколку министерката имала таква информација и таа понатаму ја ширела до други лица за да ги повлечат парите. 

„Ќе испитуваме само дали знаела дека ќе се случува стечајот кога го повлекла депозитот иле не“ – вели Билјана Ивановска, ДКСК.

Министерката за финансии преку соопштение тврдеше дека заштедените пари од Еуростандард ги инвестирала во еден наврат преку инвестициски фонд, а со дел купила стан. Не ги префрлила во друга банка. 

Судот денеска го закажа првото рочиште за стечајната постапка за Еуростандард банка. Ќе се одржи за 8. октомври. За стечаен управник е назначен Душко Тодевски. Тој во април 2018 година беше назначен за стечаен управник и на Експорт импорт банката на Методија Смиленски, на која исто така и беше одземена дозволата за работа.

Стечајниот сега има полни раце работа. Треба да пресмета колку пари банката должи и колку има за побарување. Треба да одлучи и кога ќе ги отвори сефови во банката за да можат граѓаните да си ги подигнат своите работи. Според Законот се што имаат во сефовите ќе може да си го земат зашто тоа е нивна сопственост и не може да биде задржано во текот на стечајната постапка.  

По одземањето на лицецата за работа, покрај обезбедувањето на Еуростандард банка, и Народната банка испрати свое лично обезбедување. Централната банка изготви и список, кој се од вработените во Еуростандард може да влезе во канцелариите и тоа само кога во банката се присутни и луѓето од Народната банка.

„Заштитен е имотот на Банката, во функција на обезбедување дел од предусловите за спроведување ефикасна и брза стечајна постапка во рамки на која треба да се наплатат побарувањата на доверителите и дел од депонентите“ – велат од НБ.

Во меѓувреме, граѓаните кои имале сметки во Еуростандард денеска застанаа пред другите банки за да си отворат нова сметка. 

Навалицата се зголеми и затоа што сега, сметките за комуналии не може да се плаќаат преку Македонски пошти, зашто со пропаѓањето на Еуростандард банка е блокиран и платниот промет на поштите.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.