ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Антикорупционерите добија порака да се зафатат за посериозните случаи со корупција

Антикорупциска да се фокусира на покрупни случаи и побрзо да ги процесира. Ова се дел од препораките на МЦМС и Балканската мрежа за развој на граѓанско општество по извештајот во сенка за ревизија на втората фаза од Конвенцијата на Обединетите нации за борба против корупција. Од комисијата велат дека работат и на значајни предмети, но се уште се собираат податоци за нив.

Во министерството за правда признаваат дека владеачката гарнитура ја треселе скандали на непотизам и корупција ама велат дека се посветени во борбата против тие појави.

Освен комисијата, во справувањето со корупцијата е потребно да се вклучат и останатите институции сметаат во делегацијата на ЕУ во земјава. За поголема ефикасност се препорачува одземање на имот и пари кои биле стекнати на нелегален начин.

Од МЦМС велат дека е мал отпорот за корупција меѓу граѓаните. Нивните истражувања покажале дека 30% од анкетираните подмитиле за одредена услуга, а 29 отсто дале мито кога тоа им било побарано.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.