ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Анкара: Мораме да ја сослушаме и руската страна

Mesto: Moskva Datum: 08.04.2019 Dogadjaj: POLITIKA - susret predsednika Rusije i Turske, Vladimira Putina i Redžepa Tajipa Erdogana u Moskvi Licnosti: Vladimir Putin, Recep Tayyip Erdogan

Турција и другите земји мора да ги продолжат разговорите со Русија за да помогнат да се стави крај на војната во Украина, изјави денеска портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин, додавајќи дека на Киев му е потребна посилна поддршка за да се одбрани од агресорите.

Турција е членка на НАТО и одржува добри односи и со Русија и со Украина и се обидува да посредува во повеќемесечниот конфликт.

„ Ако сите ги палат мостовите со Русија, тогаш кој ќе разговара со нив на крајот“, рече Ибрахим Калин на меѓународниот форум во Доха.

„ Украинците треба да бидат поддржани со сите можни средства за да можат да се одбранат, но мора да се слушне и руската страна, на овој или оној начин“, за да се разберат поплаките на Русија“, додаде Калин.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Западот да испрати тенкови, авиони и проектили во неговата земја за да може да се одбрани од руските напади. Западот одговори на руската инвазија со воведување остри економски санкции кон Москва.

Анкара смета дека руската инвазија е неприфатлива, но во принцип се противи на западните санкции и не им се придружи.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.