ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ангел Димитров: Има дејности во кои не се возможни вака строги одредби за недела неработен ден

Првиот човек на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров, смета дека решението недела да биде неработен ден за сите е дискутабилно во многу земји. Според него, работодавачите имаат забелешки на драфт верзијата за законската регулатива за недела да биде неработен ден во Македонија.

„Црна Гора го воведе, па сега сака да го промени повторно. Се плашиме дека одредени дејности нема да бидат земени предвид. Мора да функционираат одредени дејности, и за истото мора да се најде решение. Со синдикатите не се сложуваме поради тоа што сметаат дека ако недела не е работен ден, слободниот ден треба да биде понеделник или сабота, што значи дека има дејности во кои вакви строги одредби не можат да се воведат“, рече Димитров во гостувањето во Топ тема на телевизијата Телма.

Претходно, пак, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпасака рече дека оние газди кои ќе го прекршат законот и ќе работат во недела незаконски, ќе се соочат со клуч на врата од 15 дена. Тоа ќе важи за оние сопственици кои на незаконски начин ќе работат во недела.

Драфт верзијата на законот кој е во завршна фаза опфаќа и санкции и прекршоци а една од нив е токму и 15 дневната забрана.

„Покрај санкциите за парична казна, и кога на една фирма, ќе и се забрани да работи 15 дена на некој начин ќе значи опомена да не се случи слично кршење на законот следен пат“, вели Шахпаска.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.