ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ангелов: Нема разлика дали сум во Крушево, Кочани или ЦУК, за координација потребен ми е само мобилен

Директорот на ЦУК Стојанчо Ангелов во Тема на денот на Сител телевизија изјави дека пожарот во Кочани се развил неочекувано, дека бил контролиран и не постоела опасност за градот, но кога ветрот ненадејно го сменил правецот, пожарот тргнал кон градот а градоначалникот на Кочани побарал воздушна поддршка.

– Во тој момент хеликоптерот гаснеше пожар во Старо Нагоричане каде што веќе гореа и куќи, хеликоптерот беше активен, меѓутоа јас од командантот низ разговор побарав да го пренасочи хеликоптерот кон Кочани во хеликоптерот немаше доволно гориво да отиде до Кочани и да дејствува, тој требаше да се врати до база да наполни. Ако се вратеше на аеродром да наполни гориво тогаш ќе немаше да стигне на време до Кочани и одлучено е хеликоптерот да остане во Старо Нагоричане каде што исто така имаше сериозен пожар, рече Ангелов.

Ангелов нагласи дека средствата биле лимитирани и не е важно дали тој бил во Крушево, Кочани или во ЦУК, за онаа координација која тој ја врши потребен му е само мобилен телефон.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.