ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ангеловска: Со субвенционирањето се покачени платите на 119.500 вработени

Во просек по 3.500 денари покачување на платите добија 119.500 вработени во јануари, како резултат на мерката за субвенционирање на придонеси за покачување на платите, за која годинава во буџетот има издвоено 2,4 милијарди денари, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за bankarstvo.mk.

Таа посочи дека целта на оваа мерка е да се помогне на фирмите да ги задржат квалитетните кадри, а воедно истакна дека приватниот сектор е тој кој треба да биде двигател на растот, затоа преку мерки, но и долгорични политики за зголемување на продуктивноста се поттикнува неговата конкурентност.

– Наоѓањето и задржување на квалитетни кадри е нешто што е од големо значење за бизнисот. Затоа преку мерката за субвенционирање на придонеси им помагаме на фирмите да ги задржат квалитетните кадри. Во буџетот за годинава предвидени се  2,4 милијарди денари за субвенционирање на повисоки плати. И мерката, можам да кажам, дека дава навистина добри резултати. Така во јануари 2020 благодарение на мерката 119.500 вработени добија покачување во просек од околу 3.500 денари. Во јануари 22 илјади фирми ја искористија мерката за субвенционирање на покачување на платите, рече Ангеловска.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.