ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ангеловска и на Комисија и на пленарка со идентичен говор

Од Комисијата за финансирање и буџет, ребалансот на Буџетот денеска се пресели пред пратениците на пленарна седница. Расправата ја започна министерката Нина Ангеловска која се обрати прва од собраниската говорница. Пари ќе има и за граѓаните и за стопанството започна Ангеловска и продолжи да набројува за што се ќе бидат пренаменети  засега непотрошените народни пари. Екологија, здравство, социјални трансфери, отворање на нови работни места беа дел од параметрите за што ќе се искористат парите од буџетот.

 

Поставените цели за 2019 година целосно се насочени кон постигнување на клучните приоритети на општеството. Повисоки стапки на раст на економијата, зголемување на продуктивното вработување, подигнување на животниот стандард на населението, постигнување повисоко ниво на социјална правда и интензивирање на интеграциските процеси во ЕУ и НАТО“-рече Нина Ангеловска, министерка за финансии.

На говорот на министерката жестоко реагираше опозицијата. Од ВМРО -ДПМНЕ обвинуваат дека односот на Ангеловска кон пратениците, а особено кон граѓаните е многу дрзок и непрофесионален бидејќи таа го прочитала истиот говор кој го имала на матичната комисија, а додека течеа дебатите по повод амандманите таа воопшто не се појави на расправата. Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека вакво нешто досега нема направено ниту еден министер за финансии.

„Морам да кажам дека има една измена, тимот кој што и го подготвувал ова на министерката има сменето во говорот каде што пишува „од јануари до август“, а ова се случува после септември, промената е јануари – септември. Вакво нешто се нема случено во македонскиот парламент“-изјави Никола Мицевски, ВМРО-ДПМНЕ.

Според предлогот на Владата, со ребалансот има намалување на приходната и расходната страна за по 0,5 отсто. Се задржува буџетскиот дефицит на 2,7 отсто, а се ревидира проекцијата за економскиот раст на 2,8 отсто.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.