ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ангеловска: Досега одобрени седум милиони евра од Ковид 2 бескаматните кредити

Преку Развојната банка досега се доделени 7,13 милиони евра од бескаматната кредитна линија Ковид 2, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил.

Средствата, како што наведува, се доделени на 593 компании со 10.108 вработени.

-Заедно со Ковид 1 линијата, досега, преку бескаматни кредити во износ од 12,67 милиони евра поддржани се 1.331 микро, мали и средни компании во кои работат 16.632 вработени, пишува Ангеловска.

Вчера на владината седница беа одобрени нови  476 кредити за микро, мали и средни компании во вредност од 5,14 милиони евра од Ковид 2 бескаматните кредити преку Развојна банка на Северна Македонија. Во овие компании работат 7.107 лица.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.