ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Анализа на Еуроњуз:Софија го блокира Скопје поради внатрешно политички проблеми

Блокадата на македонскиот евроинтегративен процес е поради внатрешните политички проблеми во Бугарија и долготрајните протести против корупцијата – анализира реномираниот Еуроњуз. 

Според магазинот, официјална Софија иако дала зелено светло за Македонија во март, до сега не дала конкретни причини за нејзиното незадоволство и покрај нејзините инсистирања, барањата за јазикот и идентитетот да бидат дел од преговарачката рамка. На овој начин како што пишува Еуроњуз се нарушува кредибилитетот, но и сликата на Европската Унија во регионот.

„За Бугарија, процесот на пристапување на Македонија е начин да се извлечат концесии во исклучително деликатен момент за Скопје. Сосема важно, сепак, бидејќи повеќето од овие барања се однесуваат на нематеријални прашања на идентитетот и историјата, тие ја одразуваат потребата бугарската влада да усвои силно националистичко држење од домашни политички причини.-Еуроњуз

Во меѓувреме, последната анкета на Галуп покажува дека мнозинството од бугарските граѓани се против безусловен почеток на преговори за Македонија со Европската Унија. Според анкетата, на близу 58 проценти најважно им е решение на меѓусебните односи, а членството на земјава во ЕУ не им е важно, 36,3 проценти се изјасниле дека не можат да проценат поради сложениот карактер на темата, а 5,8 проценти кажале дека најважно е Македонија да стане членка на Унијата дури и со несредени односи со Бугарија.

Најважно е Република Македонија да стане член на ЕУ дури и да не се сосема средени нејзините односи со Бугарија? 5,8 проценти

Најважно е да бидат средени односите на Република Македонија со Бугарија, а не е важно дали Македонија ќе стане членка на ЕУ? – 57,9 проценти

Не можат да проценат – 36,3 проценти

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.