АМЕРИКА ЈА ОТКРИВА СОСТОЈБАТА НА РУСКАТА МОРНАРИЦА: „Ситуацијата не се менува, тие се уште имаат моќни бродови“
Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби смета дека потонувањето на бродот „Москва“ на долг рок нема значително да влијае на руската морнарица.
Џон Кирби изјави дека загубата на рускиот крстосувач нема значително да влијае на ситуацијата. Тој изјави дека Русија „има сосема доволно капацитет на море“.
„Русија има меѓу 10 и 20 бродови кои се активни во Црното и Азовското Море од почетокот на операцијата во Украина, така што е тешко да се каже точно каков ќе биде ефектот од онеспособувањето на овој брод“, рече тој.
„Тие сè уште имаат доволен број воени капацитети на море“, заклучи Кирби.
Претходно беше соопштено дека избувнал пожар на ракетниот крстосувач Москва, поради што муницијата се активирала и крстосувачот потонал. Руското Министерство за одбрана беше принудено да прифати дека бродот „Москва“ потонал неколку часа откако Украина објави дека е погоден со проектил. Тие изјавија дека екипажот на бродот е евакуиран, како и дека основното ракетно оружје на крстосувачот не е оштетено.