АМЕРИКАНСКИОТ СЕНАТ ГО РАТИФИКУВАШЕ ПРОТОКОЛОТ ЗА НАТО
Со 84 гласови ЗА и 2 против Американскиот Сенат, доцна синоќа во забрзана постапка го ратификуваше протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Ратификацијата помина без дебата и сега го чека потписот на претседателот Темп со што обврските на САД кон проширувањето со Северна Македонија ќе бидат комплетни.
– „Сите сенатори гласаа, за се 84, двајца се против, избраните сенатори гласаа за предлогот како што е договорено.“ – Џон Бузман, Сенатор на републиканската партија.
Со ратификацијата и во Францускиот сенат пред неколку дена сега постапката за целосното членство на Македонија во НАТО е почната или речиси завршена во дури 27 земји, и потврдата за 30 та членка на НАТО треба да почне уште во Исланд и Шпанија, каде со оглед на распишаните избори на 10 Ноември може да се случи и најголем застој, па земјава има ограничена можност да стане полноправна члена на северноатланстката алијанса до самитот на НАТО во декември во Лондон. Инаку од почнатите постапки освен потписот на Трамп во САД остануваат уште потписите на претседателите во Италија и Франција, кралскиот указ во ВЕЛИКА БРИТАНИЈА и потписот на кралицата во Холандија. Во Ноември сепак постои теоретска шанса ратификацијата за НАТО да помине и во Шпанскиот парламент, доколку тоа не се случи тогаш земјава веројатно ќе стане полноправна членка на организацијата до Март 2020.