Алкалоид бележи позитивни резултати во работењето
Во периодот јануари-септември „Алкалоид“ забележал консолидиран раст на извозот од 19%, консолидиран раст на нето добивката од 26%, инвестиции во вредност од 603 милиони денари и 127 нови вработувања. Во извештајот за работењето во деветте месеци од годината се вели дека продажбата во овој период достигна над 6 милијарди денари, или за 14% повеќе од истиот период лани. „Алкалоид“ објави дека консолидираната продажба на домашниот пазар е зголемена за 7%, додека вкупниот извоз на компанијата е зголемен за 19%.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: